Енергетски Мониторинг и Менаџмент

Добијте 360 степени поглед во Вашата потрошувачка на енергија

Системот за мониторинг и мерење на потрошувачката на енергија овозможува детален преглед на потрошувачката на секој потрошувач, на група на потрошувачи и/или на главните потрошувачи, што е основен предуслов за да се напарави добар или реален програм за заштеда. Со поставување на системот за мониторинг на потрошувачката на енергија се овозможува реален приказ на потрошувачката и перформансите на потрошувачите. Информациите во реално време со резолуција од неколку секунди преку интернет се праќаат на серверите во интернет “облакот”, од каде потоа се следи потрошувачката на секој потрошувач и група на потрошувачи. На база на овие информации може да се види временскиот распоред на вклучување/исклучување, каква е потрошувачката по минути, часови, денови, седмици, месеци. Системот овозможува да се направи споредба на перформансите на два или повеќе потрошувачи (струја, моќ, потрошувачка), да се добие детална сметка за потрошувачката на енергија и да се види учеството во трошокот за енергија на секој индивидуален потрошувач.


Компоненти на системот

Системот за мерење на потрошувачка на енергија се состои од следните компоненти:

    Сензори за мерење на потрошувачката на електрична енергија. Има повеќе модели од овие сензори, зависно од големината на номиналната струја на потрошувачите: од 40 до3000 А. Сензорите за номинални струи од 40А и 63А се испорачуваат во форма на Energy Bar кој се монтира непосредно на постоечките автоматски осигурачи во разводната табла и зафаќаат минимален простор. Останатите сензори од 80А, 200А, 500А, 1000А, 2000 А и 3000А се испорачуваат во форма на срујни трансформатори со флексибилни намотки што ја олеснува нивната инсталација без прекин на напојувањето на потрошувачите. Сите овие сенозри се поставуваат во разводната табла од каде се напојуваат соодветните потрошувачи кои се предмет на мерење. Доколку се работи за трофазен несиметричен потрошувач потребно е да се постават 3 сензори (по еден на секоја фаза), а доколку се работи за монофазен потрошувач или трофазен симетричен потрошувач потребно е да се постави 1 сензор.

    Мерач за потрошувачка на енергија. Овој уред ја мери електричната енергија на влез во главната разводна табла и на влез на дистрибутивните разводни табли низ објектот, како за трофазни, така и за монофазни инсталации. Уредот континуирано мери напон, струја, фактор на снага и ја следи активната, реактивната енергија и линиската фреквенција. Мерачот на енергија се испорачува во четири различни конфигурации зависно од опсегот на номинални струи за кои е наменет и тоа: 0-80А, 0-200А, 0-500А, 0-630А. Уредот комуницира со Gateway-от преку стандарден Modbus-RTU протокол

    Интернет Gateway. Ова е уред кој од една страна преку Modbus-RTU линијата ги собира информациите од сензорите и мерачите на енергија, ги пакетизира и потоа преку TCP/IP протокол ги праќа кон серверите во Интернет “облакот”. За да може да ги пренесува информациите кон Интернет “облакот” потребно е да биде поврзан на Интернет мрежата или преку Ethernet 10/100 жичана врска или преку WiFi 802.11 b/g/n безжична врска.

Анализа на потрошувачката на енергија и на деловните процеси

На база на измерените податоци за потрошувачката на енергија и аналитиката која ја овозможува апликацијата во “облакот” се овозможува правење на соодветна анализа и превземање на мерки за заштеда:

    Одредување на процесите, шемите, навиките на работењето со опремата/ машините/ потрошувачите
    Одредување на реалната состојба на потрошувачите, временскиот распоред на вклучување/ исклучување, нивната моќ и потрошувачка
    Одредување на врвната моќ и временските интервали во кои се појавува
    Идентификација на сите можни активности за заштеда на енергија
    Дефинирање на приоритети на активностите на база на анализа на трошокот и очекуваниот ефект
    Усогласување на деловните процеси и потреби со начинот на работа со опремата/машините/потрошувачите
    Препораки за инвестициони активности