Smart Energy Solutions

Мери - Анализирај - Дејствувај

Добијте детален преглед во Вашето работење

    Воспоставување на енергетски менаџмент во вашето работење е современа алатка која ќе ви овозможи менаџирање и управување со вашите трошоци на енергија. Добивате увид во вашето работење од аспект на потрошувачката на енергија, ги откривате загубите на енергија, се овозможува оптимизација на користењето на опремата, идентификација на неправилно работење на опремата и намалување на трошоците за одржување.


    Системот за мерење и мониторинг, како составен дел на процесот на енергетскиот менаџмент, овозможува детален увид во потрошувачката на секој поединечен потрошувач. Ќе бидете изненадени од податоците кои произлегуваат од системот за мониторинг. Ја разделуваме вкупната потрошувачка на ниво на поединечни потрошувачи, ги утврдуваме шемите на работењето, ги детектираме сите дискрепанци и неефикасности и обезбедуваме практични препораки за заштеда на енергија и оптимизација на работата на опремата. Добивате целосна транспарентност на оперативното работење и на вашите трошоци за енергија. Со добиените информации од системот за мерење и мониторинг ќе бидете во можност да воведете контрола на трошоците за одржување, испадите на опремата и загубите на енергија.